Утрински Весник
Македонија

Акција на СВР Охрид за поголема свест на граѓаните за примена на мерките за заштита од Ковид-19

Акција на СВР Охрид за поголема свест на граѓаните за примена на мерките за заштита од Ковид-19
Dik 300x250 mk

Охрид, 13 јуни 2020 (МИА) – Службеници од Одделението за превенција на СВР – Охрид денеска спроведоа акција со цел подигнување на свеста кај граѓаните за потребата од доследна примена на мерките за заштита од вирусот Ковид-19.

Полицајци заедно со волонтери на Црвениот крст на граѓаните во Охрид, Струга, Кичево и Дебар им делеа заштитни повеќенаменски маски, заштитни ракавици и пригоден флаер – пропаганден материјал со препорачаните совети и препораки за заштита.

На тој начин полициските службеници  покажаа грижата за јавното здравје  и јакнење на партнерството со граѓаните во примена на мерките и препораките за целосна заштита и справување на заканите од вирусот Ковид 19. аб/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Не е само почвата – и Вардар е затрупан со ѓубре

ВМРО-ДПМНЕ врши притисоци и уцени, се пожали Филипче

Обвинителство со детали за апсењето на директорот на „Комунална хигиена“