Утрински Весник
Спорт

Робен тренира во базата на Баерн (видео)

?
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Минхен, 12 јуни 2020 (МИА) – Екс холандскиот репрезентативец Ариен Робен тренираше во базата на Баерн (Минхен). Поранешниот крилен играч одржа тренинг со тренерот за физичка подготовка на Баварците, Холгер Броих. Видео од тренингот на Робен беше објавено од канцеларијата за печат на Баерн.

Триесет и шест-годишниот Робен го одигра својот последен натпревар со екипата на германскиот шампион на 25.05.2019 година во победата од 3-0 над РБ Лајпциг во финалето на германскиот Куп, по што се повлече од професионалниот спорт.

Заедно со Баерн, тој освои осум германски титули, пет Купа на земјата, ги освои трофеите во Лигата на шампионите, Супер купот на УЕФА и Светскиот клупски шампионат.

На почетокот на мај беше објавено дека Робен може да ја продолжи кариерата, откако има понуда од бразилски Ботафого.



Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ново шоу и трипл-дабл на Јокиќ во победа на Денвер

Муарем нов тренер на Работнички

Седлоски: Ме интересира само едно успехот на репрезентацијата