Утрински Весник
Македонија

Универзитетот на Југоисточна Европа донираше возило на Црвен крст

Универзитетот на Југоисточна Европа донираше возило на Црвен крст

Тетово, 12 јуни 2020 (МИА) – Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) соопшти дека е донирано возило на Организацијата на Црвениот крст на Македонија во Скопје. Станува збор за возило кое досега се користело во рамките на Проектот на УСАИД и Mеѓународната фондација на Лајонс Клубовите (ЛЦИФ) за деца со оштетување на видот.

-Црвениот крст е локален партнер на проектот, кој ќе продолжи со активностите за завршување на проектот. Универзитетот на Југоисточна Европа целата опрема што се користи досега во рамките на проектот планира да ја донира до институциите што служат на заедницата, како што се училиштата, клиниките и слично, Универзитетот на Југоисточна Европа продолжува да гради успешно партнерство со УСАИД, со истражување на други можности за соработка во спроведување на многу проекти, како што правевме во минатото и ќе продолжиме и во иднина, информираат од УЈИЕ.

Станува збор за возило Џип Компас 2.2 ЦДР Спорт 4X2. ас/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Левица: Во израелската агресија врз Либан гинат мировници на ОН – молкот на македонската Влада е соучесништво

СДСМ: ЕУ, Кошта и Вајц го потврдија она што го кажавме, сите лаги на Мицкоски се разобличени

ВМРО-ДПМНЕ: Миленикот на Заев, Богоев местел тендер во Царина вреден 300 илјади евра и побарал мито од 2.000 евра