Утрински Весник
Спорт

Ибрахимовиќ заминува од Милан по конфликт со Газидис?

Ибрахимовиќ заминува од Милан по конфликт со Газидис?
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Милано, 11 јуни 2020 (МИА) – Деновите на Златан Ибрахимовиќ во Милан изгледа се одбројани. Шведскиот напаѓач влегол во конфликт со извршниот директор на „росонерите“ Иван Газидис за време на тренинг.

Шведскиот напаѓач има договор со Милан до крајот на сезоната со опција да го продолжи за уште една година, но се чини дека неговиот престој на „Сан Сиро“ нема да трае долго.

Двајцата влегле во спор во текот на тренинг сесија, а локалните медиуми не јавија за конкретната причина.

Во последните месеци, Газидис не беше близу до клубот, а тоа не помина незабележано од Ибрахимовиќ, кој го забележал јавно овој факт.

Швеѓанецот исто така бил бесен на својот шеф за неговата одлука да го отпушти Звонимир Бобан, кој беше најзаслужен за враќање на Ибрахимовиќ во Милано.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Вардар предложи јужната трибина да го носи името Васил Рингов

Нов трипл-дабл за Јокиќ, но пораз на неговиот тим

Јувентус по три победи во низа, се проби на третото место