Утрински Весник
Македонија

Општина Дебар апелира на поголема совесност и наведува дека неофицијално има три новозаразени лица 

Општина Дебар апелира на поголема совесност и наведува дека неофицијално има три новозаразени лица 

Дебар, 11 јуни 2020 (МИА) – Објавените официјални податоци од Министертвото за здравство потврдуваат дека во Дебар активни на Ковид-19 се два случаи.

Сепак доцна попладнево на официјалната страница на општина Дебар упатено е предуредување дека „Ковид-19 повторно се шири во Дебар“, што се поткрепува со тоа дека неофицијално има три новозаразени лица.

– Ковид-19 повторно се шири  во Дебар. Неофицијално имаме три нови случаи денеска. Првата фаза ја поминавме успешно благодарение на дисциплината во почитувањето на превентивните мерки. Олеснувањето на превентивните мерки во втората фаза и невниманието секако придонесоа за ширење на вирусот, се наведува меѓу другото во објавата.

Од име на Општината се упатува апел за поголема совесност и за почитување на превентивните мерки.

– Избегнувајте собири, носете заштитни маски, одржувајте физичка дистанца и лична хигиена.Во наредните денови се очекува да се зголеми бројот на заразени лица. Ако не се заштитиме, ние ќе бидеме одговорни за се, апелира Општина Дебар.

Како што се дознава трите случаи, сите од градот, се потврдени попладнево и тие официјално ќе бидат во утрешниот извештај за новозаразени во државава.

Во Општина Дебар, која беше прво жариште на опасниот вирус во државава, на 5 јуни беше регистриран првиот случај на новозаразен по цели 50 дена. Станува збор за жена од Долно Косоврасти, која е хоспитализирана во Инфективната клиника во Скопје, а два дена подоцна  и маж од Дебар кој се лекува во болницата „Осми септември“.

Денеска во детската градинака во Дебар извршен беше скрининг за Ковид-19 на 69-те вработени во оваа установа. вт/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рокас: Очекувам овој пат и ЕУ да може да испорачува резултати со забрзана динамика

Димитријевиќ: СДСМ ќе покаже нова енергија и нова визија во креирањето на политиките

ЕСМ понуди поскапа цена на тендерот на ЕВН ХОУМ