Утрински Весник
Македонија

Од понеделник дополнителен тим доктори и сестри во Клиниката за инфективни болести и во „8-ми Септември“

Нови 125 случаи позитивни на КОВИД 19 во изминатите 24 часа
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 11 јуни 2020 (МИА) – Од понеделник десет лекари од државата и од клиниките, кои што имаат соодветна експертиза во областа на интерната медицина, пред се пулмологијата, како и десетина медицински сестри, ќе се приклучат на тимовите на Инфективната клиника и во болницата „8-ми Септември“, најави на денешната-прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Тој посочи дека за уште една недела ќе се одложи нормализирањето на работата во рамки на клиниките.

– За уште една недела ќе го одложиме нормализирањето на работата во рамките на клиниките, тоа што планиравме да биде претходно, заради тоа што сега овој кадар е потребен за да биде дополнување на кадарот којшто директно работи со овие пациенти, нагласи министерот за здравство, зборувајќи за пацинетите кои се заразени од Ковид-19 и се хоспитализирани во Инфективната клиника и во „8-ми Септември“. см/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ бара ЈО да отвори предмет за тендерот од 1,2 милиони евра во Пошта

За Нова година ќе имаме екстремно ниски температури

Хаос во Италија: Масовна пресметка меѓу Македонци и Албанци заврши со апсења