Утрински Весник
Македонија

Не е загрозена работата на ниту една болница во државата

Костов: Околу 70 проценти од капицететот на ГОБ „8 Септември“ наменет за лекување на пацинети со Ковид-19

Скопје, 11 јуни 2020 (МИА) – Министерот за здравство, Венко Филипче денеска истакна дека не е загрозена работата на ниту една јавна здравствена установа во државата, односно ниту една болница во овој момент не се наоѓа во ризик од ширење на коронавирусот.

Како што информира тој на денешната прес-конференција, во болницата „8 Септември“ има 50 пациенти, 35 потврдени, а капацитетот на болницата е близу 400 кревети.

Не е загрозена работата на ниту една јавна здравствена установа. На Инфективната клиника во моментов е хоспитализиран 81 пациент од вкупно 110 кревети, и плус 70 кревети во дополнителната монтажна болница, рече Филипче во одговор на новинарско прашање.

Според Филипче, овој систем на ротација добро функционира.

– Еве сега се подготвуваат и лекарите интернисти, така што ниту еден сегмент не е загрозен. Нема повеќе места во Клиничката болница во Битола и затоа денеска од тој регион ќе бидат хоспитализирани пациентите во болницата во Охрид за што има и план и слободни кревети и доволен број на респираторни машини. Така што, ниту една јавна здравствена установа во овој момент не е во ризик, рече министерот Филипче. бт/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Муцунски телефонски разговарал со новата министерка за надворешни работи на Бугарија

Одрон и на патот Скопје – Велес: Сообраќајот кај првиот тунел се одвива по една лента

СДСМ: Мицкоски ја елиминираше Ленче Ристовска, независната кандидатка за јавен обвинител