Утрински Весник
Македонија

Свети Николе останува со еден позитивен случај на коронавирусот

Свети Николе останува со еден позитивен случај на коронавирусот

Штип, 11 јуни 2020 (МИА) – Свети Николе и понатаму останува со еден случај на заразен со Ковид-19, информираше денеска градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски.

Тој вели дека според најновите објавени резултати од страна на Министерството за здравство за новозаболени лица на територијата на Општината, двете лица кои се позитивни на КОВИД-19 се од соседната Општина Лозово, но се препишуваат на Општина Свети Николе бидејќи Центарот за јавно здравје-Свети Николе ја покрива и територијата на Лозово.

-Тоа значи дека Свети Николе и понатаму останува со еден регистриран граѓанин од коронавирусот, за кој очекуваме овие денови да излезе од карантин и со покажан негативен тест, вели Велковски.

Апелира до сите граѓани да се придржуваат на мерките и препораките на Владата и Министерството за здравство за носење заштитни маски, држење дистанца и миење на раце. вдј/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Битиќи: Државата се соочува со потенцијален јавен долг од 13,4 милијарди евра, министерката за финансии не дојде да одговори

Тројца малолетници уапсени затоа што возеле без возачка

Возач на мотоцикл излетал од патот