Утрински Весник
Македонија

Привршува асфалтирањето на краковите на „Јоско Илиевски“ во Куманово

Привршува асфалтирањето на краковите на „Јоско Илиевски“ во Куманово

Куманово, 11 јуни 2020 (МИА) – Привршува асфалтирањето на краковите од улицата „Јоско Илиевски“ во Куманово, информираа денеска од одделението за комунални работи од Општина Куманово. На овие кракови кои се наоѓаат кај месноста „Циглана“ претходно имаше тампон или дробен камен и песок.

Помошникот раководител на одделението, Момчило Јовановски информираше дека се очекува наскоро да заврши асфалтирањето за кое од општинскиот буџет се одвоени 1,2 милиони денари. Тендерот го доби фирмата  „Кооп Инжињеринг“.

Оваа улица како и нејзините кракови претходно, влегоа во програмата за реконструкција и изградба на канализациска мрежа на 54 улици во Куманово која заврши пред две години. Проектот беше финансиски поддржан од ЕУ преку програмата ИПА, а одвоени беа над четири милиони евра. ам/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Дебата во вилата „Билјана” во Охрид: Тешката битка со меѓуврсничкото насилство се добива со навремено препознавање и соодветно реагирање

Кога законот молчи – како различните извори на средства стануваат една пензиска сметка?

Левица: Вработените оставени без здравствено осигурување – полицајците ги чекаат МВР и ФЗОМ да се договорат кој е виновен