Утрински Весник
Спорт

Сари: Не е лесно да се користат Роналдо и Дибала на теренот во исто време

Сари не е задоволен од ефикасноста на Јувентус

Торино, 11 јуни 2020 (МИА) – Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари изјави дека се соочува со тешкотии при истовремено користење на напаѓачите Кристијано Роналдо и Пауло Дибала.

– Дибала е феноменален фудбалер. Единствениот проблем е што е тешко да се натераат двајца извонредни играчи, како Пауло и Роналдо, да коегзистираат на теренот. Во исто време, двајцата се во можност да ја променат ситуацијата на натпреварот во секое време. Од тактичка гледна точка, не е лесно да се користат во исто време, меѓутоа, кога тим има двајца играчи со вакви квалитети, сите други треба да се усогласат, како во напад така и во одбрана, изјави Сари. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Јамал можно е да има скината тетива, најверојатно сезоната за него е завршена

Со дефиле на делегациите вечерва во Скопје отворено Светското училишно првенство во ракомет 2026

Суспендиран стадионот „Башкими“ во Куманово, покрената дисциплинска постапка за инцидентот на мечот со Струга Трим Лум