Лос Анџелес, 11 јуни 2020 (/) – Американската сатиричарка Сара Силверман на Инстаграм ги почести своите обожаватели и следачи со слика од себеси како се сонча во костим за капење.
– Си зедов заслужена „витамин Д“ пауза на платформата за бегство од пожари, и чувството е многу добро, напиша под сликата комичарката, која инаку, е на прагот од шестото десетлетие од животот.
Сара Кејт Силверман е сценска комичарка, позната по тоа што често се занимава со „контроверзни“, односно скокотливи или чувствителни теми во општеството: политика, сексизам, расизам, религија. Последниве неколку години, таа е активна и во политиката. си/ми/