Утрински Весник
Македонија

Нови прозорци и врати во градинката во Расадник

Нови прозорци и врати во градинката во Расадник

Скопје, 11 јуни 2020 (МИА) – Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули и градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски денеска ја посетија градинката во Расадник, каде се одвиваа градежни активности за поставување нови прозорци и надворешни врати.

За замена на дотраената надворешна столарија во објектот „Расадник“, што е во рамки на ЈДГ „8 Март“, Општина Кисела Вода аплицираше на повикот на Владата за реализација на Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2020 година – енергетска ефикасност. Во градинката во тек се  градежни работи за поставување на нова фасада со термичка изолација.

Заменик-министерот Макрадули потсети дека во 2019 година Општина Кисела Вода беше корисник на околу пет милони денари, средства од Планот за чист воздух. – Во Градинката „8 Март“ во Расадник, вредност од 1,6 милион денари се преточува во енергетски ефикасен објект, изјави Макрадули.

Напомена дека во сите европски држави економското закрепнувањето од КОВИД-19 оди со „зелена нишка“ и еден од приоритетите е енергетска ефикасност и замена на штетен начин на затоплување. Изрази задоволство што ги следиме препораките или она што е политика на ЕУ.

Градоначалникот Темелковски нагласи дека ги подобруваат условите на децата кои престојуваат во градинките во Општина Кисела Вода.

– Ќе ги подобриме условите на нашите најмлади жители – децата. Дополнително, Општина Кисела Вода со Цементарница Усје ја реновира целосно и фасадата. Покрај прозорците, ќе имаме и енергетски ефикасна фасада. Со тоа долгорочно гледаме за градинката да се заштедат големи средства, изјави Темелковски. Додаде дека ќе се реновира, ќе има подобри занимални и се создаваат подобри услови за престојот на децата во градинката.

Темелковски посочи дека ова е трет објект што добива некаков вид енергетска ефикасност. – Менуваме фасади, менуваме начин на загревање на нашите објекти и остануваме на нашата заложба за што поголемо намалување на трошоците во нашите објекти и што подобри услови за нашите деца, рече Темелковски. мд/дма/

Изјави по увидот на градинка во Расадник

Posted by MИА.mk on Четврток, 11 јуни 2020


Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Полицаец побарал и примил поткуп за да не собере возило со „Пајак“

Нова опрема на ФЕИТ за унапредување на заштитата на медицинските лица од јонизирачко зрачење

Притвор за маж од Естонија осомничен за силување на 14-годишно дете