Утрински Весник
Македонија

Во Скопје 131 новозаразен со КОВИД-19, најмногу од Чаир

Во Скопје 131 новозаразен со КОВИД-19, најмногу од Чаир

Скопје, 11 јуни 2020 (МИА) – Во изминатите 24 часа во Скопје е евидентиран 131 новозаразен од коронавирусот КОВИД-19, со што бројот на активни случаи се зголеми на 960. Вчера во Скопје има и 12 оздравени од КОВИД-19, како и тројца починати.

Најголем број од новозаразените 14, повторно се од Чаир.

Во Чаир е најголема и вкупната бројка на заразени 209, по што следат Бутел со 76,  Аеродром и Гази Баба со по 75,  Центар со 73, Карпош со 72, Сарај 64, Кисела Вода 43, Ѓорче Петров 35, Шуто Оризари 26 и Студеничани и Арачиново со по 24 заразени. Илинден има вкупно 19 заразени со КОВИД-19, Петровец шест, Чучер Сандево четири, Сопиште два, а двајца од заразените се странци. вј/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уапсени 11 лица на територијата на цела држава фатени со дрога

Турски државјани се тепале во Прифатниот центар за странци

Тринаесетгодишно дете повредено по пад од електричен тротнет