Утрински Весник
Македонија

Ново живеалиште за фламинга во Зоолошка градина Скопје

Зоолошката градина од денеска отворена за посетители, но со нов протокол на движење
Dik 300x250 mk

Скопје, 11 јуни 2020 (МИА) – Во скопската Зоолошка градина денеска ќе биде отворено новото живеалиште за фламинга, проект реализиран со поддршка на Град Скопје..

Од Зоолошката градина велат дека станува збор за едно од најубавите живеалишта за овие егзотични птици во Југоисточна Европа. Опфаќа внатрешен дел (40м2) и надворешен дел (120м2), со тераса за набљудување. Живеалиштето претставува мала лагуна со многу зеленило, базен за фламингата, како и посебен дел за хранење на птиците.

Живеалиштето за фламинга е финансирано од Градот Скопје, а веднаш до него при крај со изработка е и новото живеалиште за пингвини кое ќе биде отворено во текот на летото.са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Расчистено намерно опожарување автомобил во Скопје, постапка против едно лице

Божиновска: Нема да останеме без гас, ќе има решение на ниво на Европската унија

Јани Бојаџи за „Утре наутро“: Филмот е инспириран од фаталниот 27 април 2017 година и се занимава со прашањето што после тоа