Утрински Весник
Сцена

Холивуд: Правилник за љубовни сцени при пандемијата на Ковид-19

Холивуд: Правилник за љубовни сцени при пандемијата на Ковид-19

Лос Анџелес, 10 јуни 2020 (/) – Холивуд се подготвува за снимањето филмови кое би продолжило по 12 јуни. Поради тоа, издаден е и нов „Правилник“ од 22 страници за во услови на пандемија на коронавирус, која сѐ уште трае.

Во него има посебен дел за љубовно-сексуалните сцени… Имено, тие ќе бидат избегнати или ќе се прават со помош на монтажа, анимации и специјални ефекти.

Исто така, глумците и екипата кои работат на филмот ќе треба да бидат тестирани на коронавирус, да го почитуваат физичкото растојание и да поседуваат лична заштитна  опрема.

Присуство на публика за време на снимањето е забрането. Аудициите за актери, пак, ќе се одвиваат преку заштитно стакло. си/гт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли донираа 200.000 долари за жените староседелки во Канада

Доктор Дре се разведува по 24 години брак

Риз Видерспун поласкана од споредбата со помлада пејачка