Скопје, 10 јуни 2020 (МИА) – На 09.06.2020 во 13.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Бит пазар го лишиле од слобода О.С.(38) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја.
По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Од МВР денеска соопштија дека на 09.06.2020 во 15.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Востаничка“ го лишиле од слобода Д.Ѓ.(21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 09.06.2020 во 13.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на пат за Средно Водно, кон с.Нерези, го лишиле од слобода М.П.(21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 09.06.2020 во 23.20 часот на обиколница во Демир Капија, во близина на крстосница со ул.„Јане Сандански“, патничко возило „форд“, со неготински регистарски ознаки, управувано од Г.Н.(20) од Демир Капија, излетaло од патот. Притоа, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Кавадарци. Извршен бил увид на местото на незгодата.
На 09.06.2020 во 14.10 часот било пријавено дека на ул.„7 Ноември“ во Гевгелија се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел астра“, со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(47) од Гевгелија и мопед, со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од П.К.(59) од Гевгелија. По незгодата, возачот на мопедот бил пренесен во ЈЗУ Гевгелија за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на незгодата од екипа на Полициската станица Гевгелија.
На 09.06.2020 во 15.40 часот во Полициското одделение Македонска Каменица било пријавено дека во с.Дулица, на место викано „Цебовци“, додека Ќ.С.(47) од с.Дулица управувал трактор „фергусон“, се превртел со тракторот и починал на местото на незгодата. Извршен бил увид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството.
На 10.06.2020 во 00.45 часот на ул.„Костурски херои“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле А.Р.(21) и Р.Ш.(29), двајцата од село Сингилиќ, скопско, затоа што агресивно се однесувале кон полициски службеници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 10.06.2020 во 01.10 часот на ул.„Рајко Жинзифов“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Д.А.(37) од Скопје, бидејќи го нарушил јавниот ред и мир така што под дејство на алкохол агресивно се однесувал кон полициските службеници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 09.06.2020 во 11.15 часот во Полициската станица Центар, Г.П.(52) од Скопје пријавила дека на ул.„50 дивизија“ била касната од куче скитник.
Во текот на 09.06.2020 на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје санкционирани се две возила бидејќи биле нерегистрирани, пет возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило, еден возач бидејќи поминал на црвено светло, а 35 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.
На 09.06.2020 во 13.00 часот во Полициската станица Аеродром, А.Ц.(45) од Скопје пријавила дека на ул.„Горно Лисиче“ нејзиниот син бил каснат од куче скитник. цр/