Утрински Весник
Македонија

Геодетско снимање на регионалниот пат од Гевгелија до Богданци

Геодетско снимање на регионалниот пат од Гевгелија до Богданци

Гевгелија,10 јуни 2020 (МИА) – На подрачјата на општините Гевгелија и Богданци почнаа подготовките за изработка на техничката документација за реконструкција и проширување на регионалниот пат со неопходното геодетско снимање на теренот низ кој ќе минува трасата.

Во периодот до 20 јуни, секој ден од 07 до 17 часот, на потегот од месноста Понов мост кај Гевгелија се до влезот во Богданци, ќе се врши геодетско снимање и геомеханички истражни работи поради кои ќе биде забавено одвивањето на сообраќајот.

Поради ова, се апелира до возачите да имаат разбирање за новонастанатата ситуација, да ја намалат и прилагодат брзината на движење на 50 километри на час со што ќе придонесат за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот на регионалниот пат од Гевгелија до Богданци, како и за непречено извршување на геодетските работи на патот. им/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

За 161 судија побарано утврдување одговорност, судовите со над 134.000 нерешени предмети

Полицијата вчера привела седум возачи кои возеле без да имаат положено

Свечена заклетва на 30.класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“