Утрински Весник
Спорт

Панатинаикос се продава за 25 милиони евра

Панатинаикос се продава за 25 милиони евра
Dik 300x250 mk

Атина, 9 јуни 2020 (МИА) – Сопственикот на КК Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, објави дека е подготвен да го продаде клубот за 25 милиони евра, објави „Еврохопс“.

Откако го објави крајот на сезоната 2019/2020, Јанакопулос уште еднаш влезе во отворен конфликт со раководството на Евролигата и нејзиниот претседател Жорди Бертомеу.

Јанакопулос се закани дека грчкиот гигант ќе ја напушти Евролигата и ќе влезе во Лигата на шампионите на ФИБА.

Раководството на грчката кошаркарска федерација официјално го прекина првенството поради пандемијата од коронавирус.

Учесниците на турнирот едногласно го прифатија шампионот на земјата Панатинаикос, кој беше лидер во пласманот во моментот на запирање на турнирот.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ѓоковиќ ја освои 101та титула

Марко Трајановски ќе го брани Македонското знаме во Виена, Австрија

Легендарна скокалница од Светскиот куп заминува во историја