Утрински Весник
Македонија

Кражба во општината во Арачиново

Поведена истрага за силување против косовски државјанин

Скопје, 9 јуни 2020 (МИА) – Секретарот во општина Арачиново вчера во 08.00 часот, пријавил дека во периодот од 16.00 часот на 04.06.2020 до 08.00 часот на 08.06.2020 непознат сторител извршил тешка кражба во општина Арачиново.

Според пријавеното, информираат денеска од МВР, сторителот со употреба на сила влегол во општината, а со дополнителен попис од одговорните лица во општината ќе биде утврдено дали нешто е одземено, по што ќе биде утврдена и причинетата материјална штета.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. цр/нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МИСТЕРИЈА ВО КОЧАНИ: Дрон двапати влетал во спална соба – семејството тврди дека ги снимал додека спиеле

Мицкоски: Во Македонија и во оваа Влада, САД гледаат исклучително близок пријател, нивната поддршка останува непроменета, договараме капитални проекти

ДУИ: Ахмети и Таравари на средба за предвремените избори во Брвеница