Утрински Весник
Сцена

Кијану Ривс: „Матрикс 4“ е прекрасна, чудесна приказна

Кијану Ривс: „Матрикс 4“ е прекрасна, чудесна приказна

Лос Анџелес, 9 јуни 2020 (/) – Кијану Ривс (55) се приклучил кон проектот „Матрикс 4“, оти „тоа е едно прекрасно сценарио и чудесна приказна“, како што самиот рече.

Веќе некое време се знае дека глумецот ќе ја повтори својата улога на ликот Нео и во четвртиот филм на режисерско-сценаристичкиот двоец Лана и Лили Вачовски.

Во „Матрикс 4“ се враќа и глумицата Кери-Ен Мос, која за американските медиуми изјави дека никогаш не очекувала оти ќе се случи четвртиот дел. Првиот филм беше прикажан 1999, а наредните две продолженија – во 2003 година.

Засега нема информации дека и Лоренс Фишбурн, третиот член на славното тројство, ќе се врати во приказната.

Филмот е засега во претпродукција.  си/ми/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли донираа 200.000 долари за жените староседелки во Канада

Доктор Дре се разведува по 24 години брак

Риз Видерспун поласкана од споредбата со помлада пејачка