Утрински Весник
Македонија

Заштитна маска не носеле 975 лица, во изолација 593-ца, а 308 се во самоизолација

Одбележан денот на полицијата во Струмица

Скопје, 9 јуни 2020 (МИА) – Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата на 593 лица им се издадени решенија за изолација, а 308 лица потпишале изјави за самоизолација.

Како што соопшти МВР, од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано дека шест лица не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

Исто така по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 975 прекршоци. вг/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Маж натепан и ограбен од жена во струшко село

СДСМ: На кого Мицкоски му ги поклонува водата, земјата и струјата за дата центри?

АА: Зошто се молчи за децата примени во тетовската болница?