Утрински Весник
Македонија

Одложено прскањето против комарци во Југоистокот

Одложено прскањето против комарци во Југоистокот

Струмица, 9 јуни 2020 (МИА) – Најавеното прво прскање против возрасни комарци во десетте општини од Југоисточниот плански регион, коe требаше да се изврши утре и задутре, се одложува, соопштија од Центарот за развој на овoј регион.

Како што е соопштено, прскањето се одложува поради неповолни временски услови, појава на врнежи во предвидениот период, а за спроведување на планираното прво прскање против возрасни комарци граѓаните од Југоисточниот регион ќе бидат дополнително информирани.

Утре требаше да се се прска против комарци во општините Конче, Радовиш, Ново Село, Василево, Босилово и Струмица, а задутре во Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово.рт/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова: Културната дипломатија е незаменлив дијалог, и во мир, и во криза

Камион пропадна на улицата „Аџи Мустафа“ во Охрид

Автомобил се преврте на автопатот Скопје–Велес, повредени три девојки