Утрински Весник
Македонија

Реакција на дополнителната заменик-министерка Невенка Стаменковска Стојковски

Nevenka

 

Скопје, 8 јуни 2020 (МИА)

Заробените институции, хибридниот режим, без одговорност и без грижа за животот и здравјето на своите вработени, не запираат со притисоците и заканите кон вработените во јавниот сектор од една страна, додека надлежните за вршење надзор над примена на законите со месеци не постапуваат по жалби и претставки за да го заштитат правото од работен однос од друга страна.

Имено, во изминатиов период доставив претставка за незаконско работење во ЈП за стопанисување со објекти за спорт во сопственост на Република Македонија и за Царинска управа, но до денес немам никаков одговор од Државната комисија за спречување на корупција и од Државниот управен инспекторат.

Поради не постапување на овие институции во Царинска управа се продолжува со незаконски распоредувања и унапредувања и истите незаконски постапки нема кој да ги запре.
Директорот на Царинска управа, доколку за унапредување неговиот кандидат не ги исполнува условите или има помалку бодови, истото не го спречува да го унапреди послабо рангираниот или пак воопшто да не изврши избор што е спротивно на закон.

Во моментов ескалира состојбата и во Службата за општи и заеднички работи каде вработените се изложени на најголеми притисоци преку закани, уцени, распоредувања, дисциплински постапки и најново: тенденциозни и неосновани забелешки во полугодишното интервју со намера да се влијае врз вработените за претстојните предвремени парламентарни избори. За сите притисоци и закани врз вработените, во континуитет алармирам и ги известувам надлежните институции. Одговорност мора да има

Злоупотребите на институциите и на вработените за партиски цели и на веднаш мора да сопре, а одговорност да има.

Апелирам уште еднаш да се запре со притисоците и заканите врз вработените во јавниот сектор, да се запре со незаконските вработувања и унапредувања а надлежните институции да спроведуваат надзори да ги штитат правата од работен однос а не да замижуваат и не постапуваат.

Секоја злоупотреба на службена должност и овластувањата кои ги имаат функционерите на СДС, ќе сноси одговорност, порано или подоцна!

Ќе повторам и ќе апелирам до одговорните лица во институциите, доследна примена на Законот за безбедност и здравје при работа, за безбедни работни места лоцирани во просториите на работодавецот или во некоја привремена или подвижна работна локација до која вработениот има пристап во текот на неговата работа и која е под директна или индиректна контрола на работодавецот.

Време е надлежните функционери на СДС да се посветат на здравјето на вработените а не на притисоци и предизборен поткуп.

Ги повикувам вработените во јавниот сектор и понатака да ме контактираат за секој притисок, уцена или закана. Ја имате мојата поддршка.
Ќе победиме, ќе успееме

Објава на Фејсбук на дополнителната заменик-министерка за информатичко општество и администрација Невенка Стаменковска Стојковски

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Бетонски столб усмрти скопјанец – паднал врз него во дворно место од куќа во Скопје

Вандализам во Драчево: Уништена е иконата на Исус Христос на крстот поставен во големиот парк

Починат велешанец пронајден во центарот на Скопје