Утрински Весник
Македонија

Штип бележи рекорден број на новозразени со коронавирусот

Штип бележи рекорден број на новозразени со коронавирусот
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Штип, 8 јуни 2020 (МИА) – Една недела ќе бидат затворени канцелариите и на регионалната канцеларија на Акционерското друштво за станбен и деловен простор, најави денеска командантот на Општинскиот кризен штаб и градоначалник на Општина Штип, Благој Бочварски. Таму вработените нема да одат на работа од превентивни причини, бидејќи на еден од вработените член на семејството е позитивен на Ковид 19.

-Немаме регистрирано случај на позитивен во оваа институција, но со цел да не се шири заразата од превентивни причини вработените ќе седат дома, вели Бочварски.

Се чекаат резултатите од тетсирањето на вработените во Фондот за  ПИОМ и за ФЗО, кои работат во иста зграда. Бочварски истакна дека денешната рекордна бројка на новозаразени вкупно 33, според Институот за јавно здравје се должи на масовното тестирање на над 800 работници во седум штипски конфекции. Тој забележа дека дел од нив ги пуштиле работниците на колективен годишен одмор, а онаму каде што нема позитивни случаи продолжиле со процесот на производство.

На штипското Инфективно Одделение се лекуваат 25 пациенти, од нив пет се на кислородна поддршка, еден пациент на возраст од 86 години е во потешка општа состојба. вдј/нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Николовски: ИПАРД програмата официјално стопирана во Македонија

Мециновиќ: Додека претседателката зборува за топење на глечери, граѓаните се гушат од загаден воздух 

УХМР: Снег во идните денови