Утрински Весник
Спорт

Сетиен: Меси е во одлична форма и може да игра

Сетиен го одбил предлогот на Меси за замена на Суарез

Барселона, 8 јуни 2020 (МИА) – Тренерот на Барселона, Кике Сетиен зборуваше за состојбата на капитенот и прва ѕвезда на тимот, Лионел Меси.

Триесет и двегодишниот Аргентинец неодамна тренираше индивидуално поради повреда на квадрицепс.

– Тој имаше мала повреда, нема ништо сериозно. Меси е во одлична форма и може да игра. Се наоѓа во иста позиција како и сите други. Ќе треба да ги погледнете околностите, да процените што му треба на тимот, а исто така да запомните дека немаме многу голем состав. Секако, би претпочитал Меси секогаш да е на терен, но ајде да видиме како оди сè, рече Сетен во интервјуто за „Мовистар +“.

Во првиот натпревар, по продолжувањето на сезоната, каталонскиот тим ќе игра против Мајорка на 13 јуни. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство