Утрински Весник
Македонија

Кош и кошаркарска конструкција доби селото Конопиште

Кош и кошаркарска конструкција доби селото Конопиште

Кавадарци, 8 јуни 2020 (МИА) – Кош и кошаркарска конструкција за играње кошарка доби кавадаречкото село Конопиште, кое се наоѓа на околу четириесетина километри од градот Кавадарци, во подножјето на Кожуф планина. Неа ја изработија вработените и волонтерите во Центарот за одвикнување од зависности Нарконон Балкан, заедно со неколкуте корисници на услугите на оваа институција, која постои 16 години.

-Целта е овозможување на спортска активност како за нас, така и за сите оние кои доаѓаат да го посетат ова село кое изобилува со природни убавини и еколошка средина. Конструкцијата за кошарка истовремено го разубави и сретселото, за МИА изјави Александра Димевска Јокиќ, директор на Центарот низ кој досега на одвикнување поминале 173 лица од земјава и странство.

Таа нагласи дека и во иднина како и досега, ќе преземаат бројни активности со кои ќе ја покажат општествената одговорност и грижата за околината. свд/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

АХВ: Сопствениците на кучиња да го почитуваат законот и да ги микрочипираат милениците

Чудните претскажувања на господинот Насер Селмани

ВМРО-ДПМНЕ: Со 40 амандмани го заштитивме зголемувањето на платите, зошто Трендафилов молчи за фактите од 2024 година?