Утрински Весник
Магазин

Една третина од Французите се здебелиле за време на мерките на изолација

Над половина Французи се здебелиле за време на пандемијата

Париз, 8 јуни 2020 (/) – Една третина односно 35 отсто од Французите изјавија дека се здебелиле, во просек 3,2 килограми, а една петтина ја зголемиле телесната тежина за пет килограми, а 19 проценти ја намалиле тежината за време на мерките за изолација, јави дописникот на /.

Анкетата на Одокса покажува дека Французите кои редовно или повремено пијат алкохол  се намалил за шест поени за два месеци, од 57 отсто пред изолацијата на 51 процент, според истото истражување.

Слична е ситуацијата и за оние  што консумираат масни производи (три поени) или солени производи (пет поени). Конечно, редовните и повремени пушачи преминаа од 27 на 23 отсто.

– Заеднички објаснувачки фактор за сите овие подобрувања: Сите овие однесувања имаат социјална димензија. Ние пиеме повеќе, пушиме повеќе, јадеме повеќе  кога сме во друштво, потенцираат авторите на анкетата. тг/ми/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Изложба на колекционерски автомобилчиња во Куманово

Утринска навика што може да направи голема разлика

Почна штипската „Пастрмалијада 2026“, со традиционално сечење на џиновската пастрамајлија