Утрински Весник
Македонија

При влез во општинската зграда во Дебар, мора да има заштитна маска а се мери и температура

При влез во општинската зграда во Дебар, мора да има заштитна маска а се мери и температура

Дебар, 8 јуни 2020 (МИА) – Од денеска секое лице, независно дали е вработен или странка, кое сака да влезе во зградата на локалната самоуправа во Дебар, е контролирано дали носи заштитна маска а му мери и телесна температура.

Вакво нешто градоначалникот Хекураn Дука, кој раководи и со општинскиот оперативен штаб најави на петочната прес-конференција, на која уште побара тоа да го применуваат и сите други институции.

– На ова подлежи секој вработен во општинската администрација, оние на подрачните единици на министерствата и другите државни агенции и органи, кои просторно сместени во зградата, како и секој граѓанин кој за која било потреба ќе влезе во зградата на општина Дебар. Препорачуваме и другите институции да ја практикуваат истата превентивна мерка, велат од општинскиот оперативен штаб.

Додаваат дека обврска е на чуварската служба и на онаа за обезбедување да легитимира секоја странка со водење список, а обезбедувањето да ја координира секоја средба меѓу граѓанинот и службеното лице.

– Овие мерки ги преземаме поради последната состојба со проширувањето на вирусот и со цел спречување на неговото проширување. Затоа ги замолуваме сите да придржуваат кон оваа регулатива а граѓаните за разбирање, додаваат од штабот.

Во општина Дебар, која беше прво жариште на опасниот вирус во државата, по цели 50-есет дена, во петокот, на петти овој месец, беше регистриран нов случај. Во изминатите два дена нема ново заразени, а според полициската статистика во самоизолација 30 лица .вт/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Владата повторно ќе му помогне на ЈСП ако не успее тендерот за нафта

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

Стипендии за студенти на УКЛО од семејства со ниски приходи