Утрински Весник
Магазин

Ограбил продавница, па си го заборавил детето внатре

Ограбил продавница, па си го заборавил детето внатре

Берлин, 8 јуни 2020 (/) – Крадец на ситно, ограбил продавница во Бауцен, Германија, па си го заборавил синот внатре, што на полицијата значително ѝ ја олеснило потрагата по него.

Имено, 29-годишникот го фатило паника кога при кражбата се вклучил алармот, па почнал да бега, заборавајќи го осум годишниот син внатре во продавницата. Украдената стока чинела пет евра.

Освен тоа, човекот при бегството се препнал, паднал и се повредил, па се пријавил в болница. По прегледот тој бил уапсен. си/гт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 08 април 2026

Овие хороскопски знаци најмалку се нервираат – и живеат подолго

НАСА објави нови слики од „Далечната страна“ на Месечината