Утрински Весник
Македонија

Без повредени при опожарено возило во движење на стариот пат Тетово-Скопје

Без повредени при опожарено возило во движење на стариот пат Тетово-Скопје

Тетово, 8 јуни 2020 (МИА) – Нема повредени лица во пожарот што избувнал утринава околу 9 часот во возило во движење на стариот пат Тетово-Скопје.

– Утрово во 8 часот и 55 минути во СВР Тетово е пријавено дека на стариот пат Тетово-Скопје се самозапалило во движење возило марка „мерцедес“. Возилото е сопственост на фирма од Тетово, а во пожарот за среќа нема повредени луѓе. Оштетен е предниот дел од возилото, информираше тетовската полиција.

На пожарот интервенирале и припадници на тетовската територијална противпожарна единица кои за кратко време го локализирале и изгасиле огнот. ас/цр

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Коста Костадинов стапна на „лудиот камен“

Отворен конкурсот за стипендија по моден дизајн „Фросина Кулакова“ за 2026 година

Приведени две лица барани со потерници за издржување затворски казни