Утрински Весник
Македонија

Нивоата на повеќето реки во земјава под јунскиот просек

Намалени нивоата на Вардар кај Јегуновце и на Треска, Сатеска драстично зголемена

Скопје, 8 јуни 2020 (МИА) – Пет пати пониско од просекот за јуни е нивото на реката Сатеска кај Ботун, додека Крива Река кај Крива Паланка, Црна Река кај Новаци и Струмица кај Ново Село бележат двојно намалување.

Според денешните хидролошки мерења, пониски од јунскиот просек се и Вардар кај Велес, Треска кај Македонски Брод, Лепенец кај Скопје, како и Пчиња кај Пелинце и кај Катлановска Бања.

Само Вардар кај Јегуновце, Скопје (Железен Мост) и Демир Капија бележи извесно зголемување, но и Бабуна кај Богомила каде е измерено двојно покачување на нивото.

Состојбата со езерата е речиси непроменета. И натаму Охридското е во рамки на просекот, Преспанското е минимално намалено, а Дојранското незначиелно зголемено. мч/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Манасиевски: Немаме проблем правосудниот испит да се полага на албански

Кузеска: Мицкоски со часовник од 60.000 евра лесно се чека ЕУ со децении, цената ќе ја плаќаат граѓаните

Манасиевски: За ДУИ нема место во Владата додека не направи сериозни реформи