Утрински Весник
Македонија

,,Новата мисија на Св.Наум Охридски…’’

Brod 1

Во срцето на Македонија, каде што Треска ги гали питомите подножја на планините, ја мие прашината од секојдневието на илјадници намерници со приказни кои извираат од длабоките врутоци на историјата – распослана е поречката област. Област која како да има животно проклетство постојано да се бори, но и постојано да пркоси кон ударите на современите миграциони процеси.

Секој искрен човек е свесен дека Порече не е веќе како низ вековите наназад, сè повеќе замираат звуците на црковните камбани, а училишните ѕвона веќе се неми низ поголемиот дел од  населените места повеќе од деситици години. Младите во голем број ги напуштаат родните огништа, барајќи спас и подобра егзистенција за себе и за своите деца. Ваквиот начин на тесно семејно размислување доведе до широк регионален проблем – од економски и наталитетен карактер. Но, виновници не треба да се бараат за ситуацијата, бидејќи сега се потребни херои кои ќе наметнат нова перцепција за животните предизвици, и кои преку креативни идеи ќе создадат подобра животна средина за сите. Епицентрите на таквите мисловни и тектонски идејни движења лежат во образовните институции. Историјата неколку пати посведочи дека заживувањето на одреден регион е во директна корелација со моќта и големината на образовните центри.

Средното општинско училиште ,,Св. Наум Охридски” во Македонски Брод со години наназад е исправено во таа мисија, мисија која духовно е поврзана и слична со нивниот патрон од пред десет векови – макотрпна воспитно-образовна работа, регрутирање нови ученици и борба да се зачуваат младите во родниот крај. Тежината на задачата има неопходна потреба од сојузници, верниот партнер ООУ ,,Св. Климент Охридски’’ несебично братски помага во креирањето на новиот начин на размислување, но потребни се и родителите, тие се најголемото парче од мозаикот и композицијата…

Првичната задача на овој текст имаше замисла да го пренесе само овогодинешниот конкурс за упис на нови ученици при СОУ ,,Св. Наум Охридски’’, но сметав дека истиот немаше да ја има психолошката тежината без еден ваков информативен багаж. Почитувани идни средношколци, вратите за упис СОУ ,,Св.Наум Охридски ’’ во Македонски Брод ви ги отвора на три уписни рока: 16 -17 јуни, 24 – 25 јуни и 29 јуни 2020 година. За сите дополнителни прашања и административните насоки на располагање ви стои официјалната facebook страница на училиштето. Ве очекуваме, за да можеме поуспешно и заеднички да ја изградиме подобрата идина на поречкиот регион.

Автор Зоран Трпчески, дел од наставниот кадар при СОУ ,,Св.Наум Охридски’’ во Македонски Брод.

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор