Утрински Весник
Македонија

Во Кичево има 18 лица во изолација и 14 во самоизолација

Кривична пријава за двајца кичевци кои не ја почитувале мерката за самоизолација

Кичево, 7 јуни 2020 (МИА) – Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, две лица во Кичево не ја почитувале забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус , тие се приведени и против нив, ќе бидат поднесени пријави според членот 206 од КЗ „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, информираат од ОВР Кичево.

Во истиот период, полициските службеници констатирале 20 прекршоци за неносење лична заштита на лицето, а на тие лица им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид 19, додаваат од Кичевската полиција.

Во посочениот период, не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир и сообраќајни незгоди.

На подрачјето на Кичево, моментно во изолација се 18 лица додека пак во самоизолација, моментно се регистрирани вкупно 14 лица.

Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 20 контроли врз угостителски и други објекти во Кичево , објаснува истиот извор. рз/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Гори кај касарната во Ѓорче Петров, запалени куќи во Орман и Волково, ангажирани припадници на Армијата и грчки канадери

Пуштена за сообраќај е скопската обиколница, сообраќајот кон ГП Блаце пуштен само за патнички возила  

Обвинителството започна истрага за причините за настанување на пожарот во Визбегово