Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР билтен (ДПЛ)

Скопје, 7 јуни 2020 (МИА)Во село Добридол вчера во 18:20 часот, полициски службеници од Полициско одделение Галате го лишиле од слобода З.М.(45) од село Добридол поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело„загрозување на сигурноста“. На 06.06.2020 во 14,00 часот во СВР Тетово, Х.Ш.(33) од с.Градец, пријавил дека додека се движел со патничко моторно возило„шкода“ со гостиварски регистарски ознаки по локален пат за с.Добридол, на место викано„Цација“, при разминување со патничко моторно возило„бмв“ со непознати регистарски ознаки управувано од З.М. истиот му упатил закани по живот. Потоа за краток временски период пријавителот на неговиот телефон од непознато лице добил закани по неговиот живот. По кажување на пријавителот и претходно добивал закани од З.М. Подоцна во 15.30 часот, Е.Д.(40) од с.Неготино, пријавил дека по претходна расправија бил физички нападнат од З.М. По наредба на јавен обвинител пријавениот е задржан за понатамошна постапка.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 06.06.2020 во 09,46 часот во СВР Битола, било пријавено дека во период од 03.06 до 06.06.2020, непознати лица влегле внатре и извршиле тешка кражба во манастирот„Успение Пресвета Богородица“ во атар на с.Суводол, во манастирот„Св.Тома“ во атар на с.Граиште, и во црквата„Константин и Елена“ во атар на с.Вардино-Демир Хисар, при што одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случаите.

На 07.06.2020 во 05,34 часот во СВР Скопје било пријавено дека во комплекс клиники „Мајка Тереза“ бил донесен повреден П.С.(65) од с.Црешево,скопско, кој по кажување на неговата сопруга и ќерка се здобил со повредите(изгореници) во дворот од нивната куќа. На местото на настанот излегле полициски службеници од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 06.06.2020 во 11,14 часот во Полициска станица Гостивар, П.Л.(52) од Гостивар пријавил дека на 04.06.2020 околу 07,00 часот од семејниот дом на ул.„Никола Тесла“ во Гостивар се оддалечил неговиот брат С.Л.(49). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 07.06.2020 во 04,20 часот, полициски службеници од Полициска станица Виница за време на забраната за движење го лишиле од слобода В.Ф.(23) од с.Кадино,скопско, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело„предизвикување општа опасност“. Според пријавеното, В.Ф. испукал пет куршуми од пиштол во воздух во село Блатец. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 06.06.2020 во 00.40 часот во с.Драчево, полициски службеници од СВР Скопје за време на забраната за движење го лишиле од слобода А.А.(22) од Скопје бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривично дело„тешка кражба“ и при претрес кај него биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичното дело. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 06.06.2020 во 12.30 часот на ул.Жан Жорес, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Г.(36) од Скопје бидејќи по претходна расправија физички ја нападнал Н.М.(31) од Скопје со која бил во врска. По целосно докумнетирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 06.06.2020 во 20.10 часот на ул. Народен фронт, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ф.Д.(55), Ф.Д.(33), А.П.(40) кои биле во алкохолизирана состојба и Ч.Д.(64) сите од Скопје бидејќи при постапување по претходна пријава за гласна музика истите го нарушиле јавниот ред и мир и агресивно се однесувале кон полициските службеници.

На 06.06.2020 во 17,30 часот во Полициска станица Куманово, Љ.О.(20) од Куманово пријавил дека околу 14,00 часот на ул. Трајко Јовановски во Куманово по претходна расправија бил физички нападнат од А.О., Х.О., О.О. и П.О. сите од Куманово.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 06.06.2020 во 16.25 часот во Полициска станица Прилеп, Х.Б.(28) од Прилеп пријавил дека околу 16.00 часот во продавница во „Катна гаража“ кај поранешна автобуска станица во Прилеп бил физички нападнат од М.Н. од Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 07.06.2020 во 07,00 часот на крстосница од магистрален пат Гостивар-Кичево, ул,,ЈНА, и локален пат за с.Здуње се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило„фиат“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од А.М.(56) од Гостивар и товарно моторно возило„мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од М.С.(56) од Куманово. По незгодата возачот на патничкото моторно возило со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар Гостивар каде од доктор му се констатирани тешки телесни повреди. За настанот е запознаен јавен обвинител. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово. мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Муцунски се сретна со Сијарто

Бочварски: Гледаме секојдневни скандали, лош почеток на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ

Тошковски: Системот од камери за сообраќајни прекршоци мораме да го имплементираме правилно, со тоа ќе спасиме човечки животи