Утрински Весник
Македонија

Во тек реконструкција и проширување на патот од клучката за музејот на Ататурк до Брештани

Во тек реконструкција и проширување на патот од клучката за музејот на Ататурк до Брештани

Дебар, 7 јуни 2020 (МИА) – Во општина Центар Жупа продолжуваат со несмалена динамика работите за подобрување на патната инфраструктура, која е еден од главните услови за привлекување туристи и странски инвестиции, но секако и за подобрувањето на условите за самите жители.

Во мометов во тек е реализација на проектот за рехабилитација и проширување на патот од клучката за Спомен куќата-музејот на таткото на современа Турција, Мустафа Ќемал Ататурк до селото Брештани.

-Станува збор за пат изграден пред многу години. Сега се врши рехабилитација на истиот и проширување каде за тоа се дава можност. Патот е во должина од 3.500 метри а работите ги извршува ЈП„Македонија пат“. Проектот се реализира преку Јавното претпријатие за државни патишпта а ќе бидат инвестирани 25 милиони денари, изјави за МИА градоначалникот Аријан Ибраим.

Додава дека ако до лани приоритет била доизградбата на патот Центар Жупа – ХЕ „Глобочица“ во должина од 21 километар, преку кој општината веќе поврзана со регионалниот пат за Струга, сега напорите се насочени кон рехабилитација и проширување на веќе постојните патишта.

Подобрената патна инфраструктура секако придонесува и во развој на туризмот бидејќи ова подрачје располага со многу природни убавини, а во селото Коџаџик се наоѓа и Спомен куќата на Ататурк, од каде потекнува неговиот татко Али Риза ефенди.

Од отворањето на Спомен куќата во мај 2014 година во просек годишно ја посетуваат по околу пет илјади домашни и странски туристи.Тој број се очекува да биде неколкупати поголем со подобрување на патната инфраструктура, посебно рехабилитацијата и проширувањето на патот од Центар Жупа до Коџаџик,што набрзо треба да почне.вт/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Зоран Заев единствен државник од Балканот спомнат во мемоарите на Меркел

Поради сообраќајна несреќа, во прекин сообраќајот на патот Велес – Градско

Филипче: Платите на лекарите мора да растат