Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен

МВР билтен (ДПЛ)

Скопје, 7 јуни 2020 (МИА)Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 11 часот во Скопје, за време на забраната за движење го лишиле од слобода Ф.Д.(30) од Скопје бидејќи кај него била пронајдена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 06.06.2020 околу 15,30 часот во СВР Битола било пријавено дека на место викано „Стрчин“ удрил гром во штала сопственост на Т.Е.(47) од Битола и настанал пожар при што шталата и добитокот кој бил во неа изгореле. Пожарот е изгаснат од противпожарната екипа од Битола. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.

На 06.06.2020 во СВР Скопје било пријавено дека во 15,40 часот во близина на бензинска пумпа во с.Студеничани,скопско полициски службеници од СВР Скопје за време на забраната за движење додека извршувале редовни работни задачи го застанале И.Ш(22) од с.Студеничани кој управувал патничко моторно возило„лада самара“ со скопски регистарски ознаки и при обид за негово легитимирање истиот се обидел да избега и физички нападнал еден од полициските службеници, по што бил лишен од слобода. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 06.06.2020 во 09,00 часот во СВР Битола, Ж.М. од с.Пашино Рувци-Кривогаштани пријавил дека во сопствениот двор при вршење на земјоделски работи, пронашол една неексплодирана граната кал.75мм од Првата Светска војна. Експлозивната направа е подигната од стручни лица од Дирекцијата за заштита и спасување Битола за понатамошна постапка. мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија

Нема да се гради асфалтна база во Визбегово, вели Меџити

Каранфилова – Пановска: Се надевам дека мојот ангажман ќе биде од голема помош