Пало Алто, 7 јуни 2020 (МИА) – Ѕвездата на Голден Стејт, Стеф Кари учествуваше на протестот во Пало Алто, Калифорнија. Во видеото објавено на социјалната мрежа Твитер, кошаркарската sвезда шета по улицата со демонстрантите и скандира: „Доналд Трамп мора да си оди“.
Во Соединетите држави се случува бран протести поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд по неговото апсење од полицијата во Минеаполис.
На 25 мај, офицерот Дерек Човин го приведе 46-годишниот Флојд во Минеаполис со помош на специјални техники на задушување. Флојд подоцна почина, што предизвика немири во САД.
Многу познати личности дадоа поддршка на демонстрантите, вклучително и спортисти.
Steph Curry marching in Palo Alto today:
“HEY HEY, HO HO, DONALD TRUMP HAS GOT TO GO!”
(via Iamsquint/IG) pic.twitter.com/zaIcKece1p
— TheWarriorsTalk (@TheWarriorsTalk) June 6, 2020