Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Сончево со мала до умерена облачност, температура до 30 степени

Сончево со северен ветер
Img 7972

Скопје, 7 јуни 2020 (МИА) – Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален дожд, а на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и појава на грмежи, особено во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 28 степени.

Во следните денови во претпладневните часови ќе преовладува сончево време со умерена облачност, а попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Услови за нестабилност проследена со поинтензивни процеси ќе има во вторник. мс/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Се стега обрачот околу обвинителите и судиите кои го штитат Филипче и СДСМ

Мерко доби две години условна казна за незаконско назначување директор

Семејно насилство во Чаир: 39-годишен скопјанец ги натепал сопругата и ќерката со тврд предмет