Утрински Весник
Економија

ОПЕК, Русија и партнерите до крајот на годината ќе одат со намалено производство на нафта

Цената на нафтата се стабилизира на над 67 долари за барел
Img 5587

Лондон, 7 јуни 2020 (МИА) – Групата земји извознички на нафта, позната како ОПЕК +, во април се договори следните два месеца, мај и јуни, да го намали снабдувањето на светскиот пазар на нафта за 9,7 милиони барели дневно, пред се, за да може да ги зголеми цените што со месеци наназад се минимални поради малата побарувачка од кризата со коронавирусот.

Намалувањето ќе продолжи и во јули, се согласија вчера членките на ОПЕК на почетокот на видео конференцијата, објавија ноќеска светските агенции. Според претходниот договор, производството требаше да се намали на 7,7 милиони барели на ден во периодот од јуни до декември.

Img 5587

Цената на барел нафта на лондонската берза во петокот се зголеми на највисокото ниво во последните три месеци, на над 42 долари, откако во април падна под 20 долари. Но, цената на нафтата и натаму е за третина пониска отколку на крајот на 2019 година, пренесува Сеебиз.

Саудиска Арабија, водечка земја на ОПЕК, и Русија мора да го балансираат зголемувањето на цената на нафтата за да ги задоволат своите буџетски потреби, но не и над 50 долари за барел, затоа што не сакаат повторно да го зголемат американското производство на нафта од шкрилци, забележуваат британските медиуми. сд/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Скопје и Рига од денеска поврзани со авио-линија

МФ: Јавниот долг на крајот на првиот квартал 58,6 отсто од БДП

Над 3,15 милиони патници минатата година транзитирале на скопскиот и охридскиот аеродром