Утрински Весник
Македонија

Дендиас: Факт е дека е зајакната довербата меѓу Грција и Северна Македонија

Дендиас: Северна Македонија да биде обврзана да го спроведе Договорот од Преспа

Атина, 7 јуни 2020 (МИА) – И покрај сите тешкотии што главно се должат на нестабилната политичка состојба во соседната земја, факт е дека довербата меѓу нашите земји е зајакната, вели шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас во интервју за весникот „Етнос“, говорејќи за односите меѓу Грција и Северна Македонија по Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерот за надворешни работи на Грција истакнува дека земјата негува односи на доверба со сите балкански држави и поддршка на земјите од регионот на нивниот пат кон ЕУ.

-Договорот од Преспа имаше навистина впечатливи слабости. Ова го истакнавме како опозиција, но изјавивме дека ќе го почитуваме потписот на нашата земја, како што мора да направи секоја одговорна влада. И покрај сите тешкотии, што главно се должат на нестабилната политичка состојба во соседната земја, факт е дека довербата меѓу нашите земји е зајакната. Ова е позитивно. Денес, грчките воздушни сили го надгледуваат воздушниот простор на Северна Македонија, на нашиот сојузник во НАТО и потенцијален иден партнер во ЕУ, вели Дендиас за „Етнос“. ср/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Полицијата вчера привела седум возачи кои возеле без да имаат положено

Свечена заклетва на 30.класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Маж загина откако се превртел со трактор