Утрински Весник
Македонија

Дендиас: Факт е дека е зајакната довербата меѓу Грција и Северна Македонија

Дендиас: Северна Македонија да биде обврзана да го спроведе Договорот од Преспа

Атина, 7 јуни 2020 (МИА) – И покрај сите тешкотии што главно се должат на нестабилната политичка состојба во соседната земја, факт е дека довербата меѓу нашите земји е зајакната, вели шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас во интервју за весникот „Етнос“, говорејќи за односите меѓу Грција и Северна Македонија по Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерот за надворешни работи на Грција истакнува дека земјата негува односи на доверба со сите балкански држави и поддршка на земјите од регионот на нивниот пат кон ЕУ.

-Договорот од Преспа имаше навистина впечатливи слабости. Ова го истакнавме како опозиција, но изјавивме дека ќе го почитуваме потписот на нашата земја, како што мора да направи секоја одговорна влада. И покрај сите тешкотии, што главно се должат на нестабилната политичка состојба во соседната земја, факт е дека довербата меѓу нашите земји е зајакната. Ова е позитивно. Денес, грчките воздушни сили го надгледуваат воздушниот простор на Северна Македонија, на нашиот сојузник во НАТО и потенцијален иден партнер во ЕУ, вели Дендиас за „Етнос“. ср/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Разбиена шема со брзи кредити во Куманово, пет лица оштетиле повеќе граѓани за над 200.000 евра

Средба на министерот Муцунски со министерот за Европа на Франција, Бенжамин Хадад

Дождот го прекинува топлиот период: Сабота со најмногу простор за есенска прошетка