Кичево, 6 јуни 2020 (МИА) – Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, единаесет лица не ја почитувале забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирусот, од нив само едно лице од Кичево.
– Тој е приведен и против него ќе биде поднесена пријава за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Во истиот период, не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир и сообраќајни незгоди, информира портпаролот Стефан Димоски.
Тој додаде дека на подрачјето на СВР Охрид, моментно во изолација се 161 лице, од кои 18 во Кичево , додека пак во самоизолација, моментно се регистрирани вкупно 94 лица, осум од нив во Кичево.
Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 61 контроли на угостителски и други објекти, од нив 22 во Кичево.
– Во истиот период, полициските службеници констатирале 126 прекршоци за неносење лична заштита на лицето, 18 во Кичево, појасни Димоски. рз/мс/