Утрински Весник
Македонија

Поради контакт со заразената жена во Дебар во изолација и шестмина здравствени работници

Поради контакт со заразената жена во Дебар во изолација и шестмина здравствени работници

Дебар, 6 јуни 2020 (МИА) – Поради контакт со заразената жена со Ковид-19 од селото Долно Косоврасти во домашна изолација се најмалку 17 лица, од нив шестмина здравствени работници.

– Во домашна изолација поради контакт се двајца лекари, четири медицински сестри и двајца возачи, еден кој со возило ја транспортирал од селото до Дебар и другиот кој ја транспортирал до Скопје. Во исто време најмалку девет лица најблиски роднини на пациентката се исто така во изолација, изјави за МИА Баки Халили, директор на Општата болница во Дебар.

Заразената жена на околу 44-годишна возраст која пред неколку години е оперирана од тумор во мозокот, беше прв случај на новозаразен по цели педесет дена.

Таа, според Халили, била примена во средата навечер во Општата болница во Дебар,со висока телесна температура и чести епилептични напади.

По напревената консултација, лекарите одлучиле да ја препратат во клиниките за неврологија во Скопје, каде и бил земен брис и по добиениот позитивен резултат на коронавирус, била префрлена во Инфективната клиника.

Поради контакт, во изолација, како што пренесуваат дел од медиумите, од оваа клиника се тројца лекари, две сестри и четворица болничари. вт/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Левица: Паметни броила во Европа, читање „на рака” за Македонија – милионски профити за ЕВН

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е подготвен да тргува со македонскиот идентитет само за да дојде до власт

Конференција на РЕФОРМ5: Младите не одат на психотерапевт поради високите цени, за менталното здравје се консултираат со Chat GPT