Утрински Весник
Спорт

Чех и Лампард најзаслужни за трансферот на Вернер во Челси

Клоп дава 60 милиони евра за Тимо Вернер

Лондон, 6 јуни 2020 (МИА) – Легендата на Челси, Питер Чех, бил најзаслужен за успешните преговори за привлекување на ѕвездата на РБ Лајпциг, Тимо Вернер.

Според англиските медиуми, Френк Лампард и Чех направиле пред карантинско патување во Германија за да разговараат со стрелецот за плановите на клубот за во иднина. Двајцата очигледно го воодушевиле германскиот напаѓач со визија за неговиот развој на „Стемфорд Бриџ“.

Според „Телеграф“, сегашниот технички директор на „сините“ одиграл улога на преведувач затоа што Вернер и неговиот татко и агент Карл-Хајнц Форстер не зборуваат англиски течно.

Поранешниот голман, исто така, се верува дека одиграл важна улога во убедувањето на Хаким Зиеш да се приклучи од Ајакс на лондонскиот тим

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Истанбул ќе биде домаќин на дербито Турција – Македонија

Лазаревски: Наша обврска е да го дадеме максимумот

Синер рутински против Зверев за историски триумф во Мадрид