Утрински Весник
Политички Партии

Обраќање на Љупчо Николовски од СДСМ на социјалните мрежи за почитување на мерките

Обраќање на Љупчо Николовски од СДСМ на социјалните мрежи за почитување на мерките

 

Скопје, 5 јуни 2020 

Здравствените работници и сите ние заеднички ја водиме оваа борба против коронавирусот, министерот Филипче и здравствените власти уверуваат дека ситуацијата не е толку вознемирувачка, но мораме да останеме крајно внимателни и крајно одговорни, 90 проценти од новозаразените се асимптоматски, кај членови на едно семејство од 10 позитивни само еден е со симптоми. Болниците се празни и така треба и да останат, порача денеска генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски во своето обраќање преку социјалните мрежи.

Николовски истакна дека сега е време за поголема одговорност на сите во однос на почитување на мерките и задолженијатa, но дека е потребна и постогра контрола.

„После долго време живеење со полициски час, пред извесно време добивме известување дека медицинските експерти препорачуваат олабавување на мерките. И сите бевме радосни. Очигледно постојат делови од општеството и луѓе кои мислат дека сето ова е некаква шега. Дека може слободно да си играат со сопственото и туѓото здравје. Па сите имаме родители. Сите имаме мајки, роднини и блиски кои се во години. Нели им се стега срцето при помислата дека можеби ним нема да им е ама баш ништо, но дека нивен родител може животот да го загуби од овој исклучително проблематичен вирус„ –посочи Николовски.

Тој упати на тоа дека токму таквите треба да станат одговорни, да се знае што се мерки, што е закон и тој закон да биде еднаков за сите.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

__________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт