Утрински Весник
Политички Партии

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Петровска

ВМРО-ДПМНЕ поднесе тужба до Управниот суд во која ја обжалува одлуката на ДИК

 

Скопје, 5 јуни 2020 

Дали Славјанка Петровска денес ги загрози животите на десетици лица, наши сограѓани? Наместо во изолација како лице во потенцијален ризик за ширење на коронавирус таа држеше прес конференција.

Петровска за потребите на Заев држеше прес конференција, иако со Решение на ИЈЗ, како што објавија медиумите истата е упатена во домашна самоизолација.

Дно на лицемерие е Славјанка да обвинува дека некој друг не се грижел за здравјето на граѓаните, а таа треба да седи дома затоа што е во самоизолација.

Дали Петровска директно ги загрози животите на нашите сограѓани, во време кога коронавирусот се шири со аритметичка прогресија?

Доколку Славјанка Петровска има решение за самоизолација, таа го прекршила чл.2 ст.2 од Уредбата на владата за примена на законот за заштита на населението од заразни болести и сторила кривично дело казниво со закон.

На СДСМ им е важна само власта, затоа го ставаат во опаснот и здравјето на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ добивме хибриден режим, криминал и сиромаштија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт