Утрински Весник
Македонија

Четворица обвинетите за непочитување на полицискиот час во Битола

ОЈО Берово поднесе три казнени налози за прекршување на полицискиот час

Скопје, 5 јуни 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Битола до надлежен суд поднесе два предлози за издавање казнени налози со кои се опфатени  вкупно четири лица обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите биле затекнати од полициски службеници при прекршување на полицискиот час, односно непочитување на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија.

Надлежниот јавен обвинител му предложи на судот за сите четворица обвинети да изрече парични казни од по 100 дневни глоби при што висината на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност​. ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје