Утрински Весник
Спорт

Огромно мнозинство: Рестартот на НБА изгласан со 29:1 гласови

Дел од НБА екипите почнуваат со тренинзи во петок

Њујорк, 5 јуни 2020 (МИА) – Управниот одбор на НБА го одобри планот за продолжување на сезоната. Според „ЕСПН“, одлуката е донесена со огромно мнозинство – 29:1.

Според информациите, сезоната 2019/2020 во најсилното првенство во светот ќе се врати на 31 јули во Орландо. 22 екипи ќе го продолжат учеството во лигата, вклучувајќи ги и најдобрите 16 од двете конференции плус Њу Орлеанс, Портланд, Феникс, Сакраменто, Сан Антонио и Вашингтон.

Секој од нив ќе одигра уште осум натпревари пред плеј-офот. Во случај тимот, кој се наоѓа на 9-то место во пласманот, заостанува од 8-то место со помалку од 4 победи, ќе игра во серија со последниот. За напредување, тимот на 9-то место мора да победи двапати.

Сезоната во НБА, која беше суспендирана во март поради пандемијата од коронавирус, се очекува да заврши најдоцна на 12 октомври.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари