Утрински Весник
Македонија

Петровска: Ќе бидеме ригорозни во спроведување на мерките и ќе се трудиме законот да биде спроведен подеднакво

Во Кичево едно лице не го почитувало полицискиот час

Скопје, 5 јуни 2020 (МИА) – Направени се планови за постапување и поставување на полициските службеници, а дополнително се направени и вонредни тимови кои го следат постапувањето на полицијата.

Ова денеска го истакна дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата во однос на тоа дали се планира зголемување на полициските контроли во општините Чаир, Аеродром и Сарај.

– Потребата од тоа колку полициски службеници ќе бидат ангажирани се менува постојано и согласно тоа ги ангажираме на терен по насока добиена од самите началници од секторите за внатрешни работи. Во моментот навистина е фреквентно во Охрид, таму дополнително утринава се испратени полициски службеници кои ќе им помогнат на своите колеги, рече Петровска.

Полицијата, вели таа, се обидува преку патроли да го покрие колку што може повеќе просторот на градот Скопје, меѓутоа и на оние општини кои се прогласени како критични.

– Од секаков тип евиденција која постои за прекршување на полицискиот час ќе биде соодветно процесуирана и ке бидат преземени мерки против нив. Тоа значи ако постојат докази за прекршување на полицискиот час, со подоцнежна идентификација на сторителите против нив ќе бидат преземени мерки. Полицијата во моментов е на територијата на Скопје, онаму каде што има фиксни пунктови, поставени се контроли, а останатите делови ги контролираме преку патроли, додаде Петровска.

Таа нагласи дека ќе бидат ригорозни во спроведувањето на мерките и ќе се трудат законот да биде спроведен поеднакво за сите граѓани.

– Апел до сите граѓани дека полицијата не може да ја замени совеста на секој од нас, рече Петровска. мс/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Лукаревска до Мицкоски: Граѓаните се гушат, каде ви е планот за чист воздух?

Никој не го пријавува инцидентот на Апасиев во Собранието, Гаши сака да остане неутрален

Гаши уверува дека е обезбедено двотретинско мнозинство за уставни измени