Утрински Весник
Македонија

Откриени 25 мигранти на автопатот Велес-Скопје

Откриени 25 мигранти на автопатот Велес-Скопје

Скопје, 5 јуни 2020 (МИА) – Вкупно 25 мигранти се пронајдени рано утринава во четири часот во три патнички возила на автопатот Велес-Скопје, после пунктот на „Македонија пат“.

Возилата биле со скопски таблички, а едното од нив марка „мерцедес“ било превретено.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека возилата биле забележани кај Демир Капија и не застанале на даден знак за запирање по што продолжиме кон Скопје.

Во разговор со полициските службеници, мигрантите појасниле дека биле симнати од трите возила.

Увид на местото извршила екипа од СВР Велес и се преземаат мерки за расчистување на случајот. бак/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Божиновска на средба со претставници на ММФ-Потврдена заложбата за енергетска сигурност и одржлив развој на енергетиката

СДСМ: Мицкоски не стави во скут на Орбан и на соработници со Русија 

Земјотрес вечерва почувствуван во Македонија